This months cover by Aleksandar Ares, with layout by K.K.W |
Франција не е Европа повеќе? [Претстојат мрачни денови]. By Кервин Вилиамсон, with translation by Abe Ana Choveche.
Дури и пред да наполнам 18 години, пред да работам, да имам девојка или да се сметам за интелектуалец, знаев дека Франција и француската култура имаат големо значење. Престанав да бројам колку луѓе ми сугерираа да одам во Париз. Сепак, според многумина во и надвор од државата, Франција запаѓа во мрак, во економски и културен пекол.
Marine Le Pen - after results of elections. Photograph: Remy De La Mauviniere/AP The Guardian. |
Неодамна, партијата Национален Фронт, победи на Европските парламентарни избори „...што низ континентот доведе до досега невиден број на пратеници од Европскиот парламент, непријателски или скептични во врска со Европската унија, да изгласаат огромна недоверба во европската политичка елита...“. (Превземено од “The Guardian” – “Wins European parliament elections in France” by Ian Traynor) [1]
Bastille day 2014. IMAGE: REMY DE LA MAUVINIERE/ASSOCIATED PRESS |
Партијата победи во Франција со проектирани 25% до 29% од гласовите, додека социјалистите на претседателот Франсоа Оланд паднаа до 14% според анкетите по гласањето. И додека многумина беа разочарани, други не беа воопшто изненадени. „Многу е тажно е да се чита за европските избори утрово. Тажно да се чита за француското гласање...“ - Лусиан Зејан (Lucien Zayan) – (Бруклин, Њу Јорк). [2] „Не ми е јасно зошто сите се толку изненадени. Со недели ни кажуваа дека Национален Фронт ќе победи.“ – рече Ан (Anne) од Lisieux. (Превземено од “The Guardian” – “Wins European parliament elections in France” by Ian Traynor) [3]
Illegal immigrants eat on February 28, 2013- meals distributed by the "Le Belle Etoile" (Pretty Star) association in the port city of Calais. Photo: Philippe Huguen. |
За многумина ова не беше само политички пораз на останатите партии, туку кулминација на настаните во последните 10-20 години. Саркози од ветувачки надежен, премина во навидум дисконектиран и корумпиран, додека земјата е приклештена во економска криза. Предавањето на власта на Оланд, беше мало подобрување, но многу општествени и економски проблеми се влошуваа.
„Да, гласав за Национален Фронт. Како и на многу други, преку глава ми е од другите партии, а мислам дека имаат и некои добри идеи.“ – изјави пензионирана администраторка, снижувајќи го тонот. (Превземено од “The Guardian” – “Wins European parliament elections in France” by Ian Traynor) [4]
Protest turned violent. Photo courtesy of: themuslimissue.wordpress.com |
Многу од поддржувачите на Национален Фронт (ако не и сите) , оние кои се одлучиле да гласаат за други партии и оние кои не дејствувале, сепак можат да се согласат во неколку работи. Емиграцијата, криминалот, деликвенцијата, невработеноста станаа се’ потешко издржливи, сето тоа проследено со чувство дека Франција пропаѓа во канализација. „...Денес имаме проблем...“ – изјави Саркози, вторникот вечерта за телевизија France 2. „Нашиот систем на интеграција функционира се’ полошо и полошо, затоа што имаме премногу странци на нашата територија, на кои веќе не успеваме да им најдеме сместување, работа, училишта.“ – рече тој. [5]
Во октомври 2012 година, биле извршени 44000 прекршоци како насилнички напади на поединци. Во исто време, за 8 посто се зголемил бројот на прекршоци - напади на имоти, вклучувајќи кражби и провали, додека финансискиот криминал скокнал за 18%. Според Le Figaro (десничарски ориентиран дневен весник, имајќи го француското МВР за свој извор), бројот на организирани банди, со вклучени вооружени грабежи, пораснал за 7,4%. На новогодишната ноќ во 2012 год. биле запалени 1193 автомобили од страна на млади членови на наводна муслиманска банда. [Се проценува дека секоја година се палат по 40000 автомобили – од извештајот на Гетстоун институтот (The Gatestone Institue) „Исламизацијата на Франција во 2013 година“, даден за радио РТЛ од Сорен Керн (Soeren Kern)]. [6]
A graffiti-covered building in La Forestiere estate, Clichy-sous-Bois, where the Paris riots of October 2005 originated. Photograph: Dan Chung for the Guardian |
Факт е (иако некогаш и нe се зборува за тоа), дека патувањето низ одредени предградија на Париз (највеќе во Banlieus) може да биде многу опасно. Дури и полицијата таму поминува многу претпазливо. Повеќе од половина од населението се од Алжир, Мароко и Субсахарна Африка, кои се соочуваат со расна дискриминација, поради што им е отежнато вработувањето, ако воопшто го имаат. Ова се двете најважни причини поради кои многу млади и возрасни се впуштаат во криминал, чувствувајќи се поразитено беспомошни. „Тешко е да поминеш повеќе од еден ден во Франција, без да чуеш нечие убедување дека најголемиот проблем во државата се етничките малцинства, дека присуството на емигрантите го компромитира идентитетот на Франција…“ - Џастин Е Смит (Justin E Smith: The Stone - Opinionator, NY Times) [7]
„За многу „родени“ французи и за оние прва и втора генерација потомци, емигрантите користејќи ги социјалните служби, влегуваат во криминал и постојано ги потиснуваат “français de souche”- вистинските французи.“ – Ален Финкиелкраут (Alain Finkielkraut), од неговата неодамнешна популарна книга "Несреќниот идентитет“ (“L’identité malheureuse”) [8]
Со оглед на тоа што Франција, како и многу други европски нации, колонизирала разни делови во светот, наметнувајќи ги своите правила, интересно е тоа што “français de souche” се чувствуваат загрозени од емигрантите. Претпоставувам дека на многумина не им пречело тоа што Франција во своја полза ги исцрпила ресурсите на многу нации, со што ја поставила платформата за она кое сега го доживуваат како проблем. Со економските маки на нацијата (а да не зборувам за остатокот од Европа и другите делови во светот), природно е луѓето да се чувствуваат погубно и да бараат каде да ја насочат вината. Кога се' се распаѓа, многу од нас ќе си побараат некакво олеснување.
Исто така, факт е дека генерално луѓето донесуваат одлуки со кои другите не би се согласиле, исто како и политичките партии. Одлучуваме што е важно - што не, кое што на другите не им се допаѓа или не им одговара. Јас, како визуелен уметник исто така, знам дека тие што се одговорни за натпреварите, одобрувањето средства и уметничките простори, бираат што сакаат. Луѓето на кои им ги имам фотографирано настаните и за кои имам пишувано, не чувствуваат потреба да ми помогнат или да го поддржат она кое јас го нарекувам уметност.
Можеби Национален Фронт може да ја промени на подобро ситуацијата во Франција или пак да ја влоши - времето ќе покаже. Сепак, она што го знам е дека луѓето од двете страни на линијата, треба да ги остават на страна своите разлики и да научат да живеат заедно. Етничките малцинства веќе се таму и треба да се почитуваат и индуцираат во интеграцијата, а не само да се остават и да им се дозволи да живеат исклучиво од социјалните служби. Граѓанската сложност е потрбната основа за стабилно општество, додека етничките разлики можат да направат прекрасни нешта за уметноста, музиката, науката и тн. Ова навидум мрачно време за Франција може да биде шанса за нешто големо, за едно ново поглавје во нивната историја.
„Многу е тажно да читаш за европските избори утрово. Тажно да читаш за француското гласање. И многу е тажно што прочитав дека некои од моите пријатели мислат дека тоа што Европа не е Франција, не е ништо значајно. Имав 25 години кога во Париз беше создаден Одеон - Театарот на Европa (Odéon - Théâtre de l'Europe), во режија на шпанецот Луис Паскал (Lluis Pasqual). Колку бевме горди што се чувствувавме како европјани, колку бевме горди да ги прикажеме Шекспир на романски, Молиер на италијански, Чехов на руски. И кога ја реставриравме зградата напишавме: "Cette nation aura pour capitale Paris et ne s'appellera plus la France, elle s'appellera l'Europe. Victor Hugo" - „Оваа нација за престолнина ќе го има Париз и повеќе нема да се вика Франција, туку Европа. Виктор Иго“. Имаше некаквов смисол во тоа да се биде горд како францизин и европјанин. Навистина ми е жал за оние кои ова не го сметаат за значајно. Да, значајно е и јас денес сум засрамен.“ - Лусиан Зајан (Lucien Zayan) (Превземено од Facebook) [9]
„Секако дека е штета, но мораме да го признаеме и прифатиме фактот дека славните денови се зад нас. Франција не е Европа и не е баш некој лидер повеќе. Да се радуваме на Грција, Романија и смирено да работиме на подобрување на ситуацијата во нашите земји. Нека тоа почива на нашата слава, на нашите привилегии. Сега е време да се вратиме на прашањата.“ - Туринчев Надиа (Turincev Nadia) [10]
„Мракот се враќа. 80 години подоцна, се повеќе и повеќе наликува на 1934 година…“ - Фредерик Купе (Frederic Coupet) [11]
„Слушајќи за ова цело утро на BBC… Не сум французинка и сакам да разберам повеќе, но слушам ако не со неверување, тогаш дефинитивно со тешко срце за што се’ ова значи и што носи…“ - Карла Петерсон (Carla Peterson) [12]
„…бидете подготвени да угостите нови емигранти од Франција. Веќе дискутираме во кои земји повторно би имале „нормален“ живот. Бруклин е во добра позиција, заедно со Дрезден, Берлин, Гуангжу и некои други….(ова не е шега)“ - Фредерик Купе [14]
If you would like to know more, go to:http://www.theguardian.com/world/2014/may/25/france-national-front-win-european-elections, www.theguardian.com/world/2010/nov/16/france-racism-immigration-sarkozy, http://opinionator.blogs.nytimes.com/2014/01/05/does-immigration-mean-france-is-over/?_php=true&_type=blogs&_r=0, www.theguardian.com/world/2012/nov/03/estate-racial-hatred-poisoning-france . 'Art is the reason, art is the way'
No comments:
Post a Comment